
За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко - консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа...
повеќе за компанијата »ИЦС ГРУП ДОО - Скопје e приватна компанија,овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:
Раководител на продажба и маркетинг
Цел на работното место e: Планирање и креирање на акциски план за унапредување на продажбата, преку проширување на базата на клиенти, остварување на таргетите за продажба, маркетинг активности и успешно менаџирање на вработените во тимот.
Потребни квалификации:
- Високо образование, Машински факултет, Економски факултет или сроден факултет од областа Бизнис/ Економија
- Познавање од областа на истражување на пазари
- Активно користење на MS Office и интернет пребарувачи
- Возачка дозвола-Б категорија
- Активно користење на англиски јазик
Искуство:
- Работно искуство во продажба минимум 5 години, искуство со маркетинг минимум 1 година и минимум 3 години на раководна позиција
Работни задачи и одговорности:
- Анализа на пазарот и трендовите
- Предвидување, планирање , имплементација и евалуација на продажната стратегија
- Истажување и идентификување на нови можности за развој и ширење
- Планирање на целите и активностите на одделот, како и следење на реализацијата како и имплементацијата на процесите
- Планирање и организирање на работните задачи на вработените од тимот
- Развој и реализација на маркетинг активностите
- Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
Вештини и способности:
- Способност за дефинирање SMART цели
- Лидерски способности
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови
- Способност за тимска работа со акцент врз постојано унапредување на работата на тимот
- Способност за решавање на проблеми и носење одлуки
- Способност за следење на новитети и постојано учење
- Аналитички способности
- Способност за преговарање
- Вештини за влијание
Ние нудиме:
- Конкурентни месечни примања
- Работа со најквалитени брендови
- Програми за личен и професионален развој
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок
-
Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 - 16:00 часот, од понеделник до петок.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »