
- Објавен на 7.2017
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 26.07.2017
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
- Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 65 подружници.
За работа во Секторот Логистика потребен e
ВОЗАЧ СЕРВИСЕР
Основни должности:
- Дистрибуција на стоки и опрема
- Утовар на стоки во возилото и истовар на стоки од возилото
- Задолжување на приемница и раздолжување на отпремнина во магацинот и друга попратна документација
- Извештај за дневното движење и работните задачи
- Уредно водење на патните налози како и редовно предавање на патните налози на надредените
- Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
- Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото кое го користи подолго или на возилото кое го користи за извршување на дневните активности во текот на денот
- Носење и земање на возилото од сервис, проверка на возилото за време на неговото превземање
- Пополнување на електронски патен налог
- Водење сметка за потрошувачката на горивото
- Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации
- Отклонување на ситни дефекти на водоводните инсталации и браварски работи
- Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
- Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
- Одржување на останатиот инвентар во подружниците
- Помош на другите сектори и служби во случај на потреба
Услови:
- Формално образование: Средно училиште IV степен на стручна подготовка
- Потребно искуство: Потребно е претходно работно искуство (2-3) години на слични работи со способност за пренесување на стекнатото искуство на слични или поврзани работни задачи во новата работна средина. Потребно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи.
- Сертификати/Лиценци: Пожелно е поседување на возачка дозвола (Ц категорија)
- Дополнителни знаења: работа со компјутер
- Вештини: комуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација
- Познавање на патиштата на Македонија, познавање на локациите на уплатните места
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 26.07.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Останати огласи »