
За компанијата:
БА Kомпани e основана во 1993 година како компанија за трговија и конвертирање на хартија. Денес, вработува повеќе од 50 лица и работи од неколку локации во Германија, Грција, Бугарија и Македонија,... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како PDF)
Б-А Компани, објавува оглас за:
Магационер
Основни должности:
- Извршување на сите работи поврзани за магацинот и стоките кои се наоѓаат во магацинот,
- Превземање на стоките од производствените простории во магацин,
- Правење на прием во магацин,
- Организирање, распределување и сместување на стоките во магацин,
- Издавање,
- Утоварање и истоварање со вилушкар,
- Вршење достава од магацин до погон за производство,
- Извршување и други работи што ќе му ги довери непосредно претпоставениот или управителот.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС образование,
- Претходно искуство како магационер ќе се смета за предност,
- Возачка дозвола "Ц" категорија,
- Искуство со управување со виљушкар. Доколку нема искуство ќе биде обезбедена обука.
- Пожелно сертификат за управување со со виљушкар. Доколку нема сертификат ќе биде обезбедена обука.
Вештини и способности:
- Познавање на автомеханика,
- Одговорност, лојалност, професионалност,
- Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост,
- Смиреност, сталоженост, комуникативност,
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа,
- Одлично присуство, точност и ефективна употреба на работното време.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за магационер”
Останати огласи »