
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент, ФД Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:
ИТ Техничар/Администратор
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Поддршка за интерни процеси (Helpdesk)
- Одржување на ИТ ресурси и поддршка при работа со истите
- Инсталација на персонални компјутери, Windows OS и апликации
- Евиденција на работа во тикетинг систем
- Основно администрирање и поддршка за мрежна опрема
- Техничко и оперативно администрирање на дигитална платформа за трговија
- Внес и ажурирање на податоците
- Следење на процес на плаќање преку платежен процесор
- Следење на процес на достава со надворешни Друштва
- Решавање на спорови и рекламации
- Креирање анализи и извештаи и превземање соодветни активности
- Техничко и оперативно администрирање и грижа за дигитални канали
- Основна веб страна (Wordpress)
- Веб страна за програма за лојалност
- Мобилна апликација
- Електронска платформа за дигитално аплицирање
- Комуникација со надворешни соработници во доменот на своите активности
- Ажурирање и раководење со соодветна документација и процеси во доменот на своите одговорности
- Изработка на извештаи на месечно и годишно ниво
- Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друшството.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција;
- Високо образование од областа на ИТ;
- Одлична работа со компјутери;
- Одлично познавање и работа со
- Microsoft Active Directory
- Windows
- MS Office пакет
- Google Workspace
- Google Analytics
- Wordpress.
- Искуство со работа во Helpdesk ќе се смета за предност
- Искуство со работа во организација со имплементирани стандарди за безбедност на информациски системи и менаџмент на ИТ сервиси ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на македонски јазик( мајчин);
- Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено-ниво C1/C2);
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
- Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
- Способност за тимска работа;
- Способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоретизација на истите;
- Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
- Професионалност и дискретност;
- Лојалност и припадност кон Друштвото.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »