
Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
Kако дел од Duferco Group, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 850 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
Во моментов, во рамки на нашиот Сектор за одржување, отворено е следното работно место:
Машински техничар
Опис на работно место:
- Извршување на браварски активности како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
- Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност:
- Извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.
Работни услови:
- Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции
Основни квалификации на кандидатите:
- Средно образование;
- Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
- Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.
Дополнителни квалификации на кандидатите:
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Совесност за безбедност при работа;
- Способност за работа под притисок и со рокови.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16. Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака Работно место – Машински техничар, најдоцна до 26 јануари 2018.
Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Слични огласи »