
За компанијата: PANDORA е основана во 1982 година со едноставна идеја: да ги славиме жените, нудејќи им прилика за лично изразување
преку нашиот универзум на висококвалитетен и современ накит по достапни цени. Денеска...
повеќе за компанијата »
СФ1 Клипс Дооел - ексклузивен увозник на реномираниот дански бренд на накит PANDORA распишува конкурс за работна позиција:
ПРОДАВАЧ ВО МАЛОПРОДАЖБА
Услови на кандидатите:
- Комуникативна, доверлива и одговорна личност,
- Минимално 1 година работно искуство во малопродажба,
- Развиени вештини на продажба и ориентираност кон купувачите,
- Насоченост кон остварување на зададени цели,
- Изразена иницијатива и проактивен пристап во работата,
- Развиени способности за ефикасно планирање и организирање,
- Познавање работа на компјутер,
- Активно познавање и користење на англиски јазик,
- Добра организација на време,
- Претходна работа со накит ќе се земе како предност.
Обврски:
- Одржување највисоко ниво на услуга во секој момент,
- Постигнување на зададени продажни цели,
- Подршка на менаџментот во дневно oрганизациски работи,
- Познавање и спроведување на потребни законски регулативи и водење на документација,
- Усогласување на сите активности со правилата на компанијата,
- Изработка и анализа на извештаи во склад со барањата на компанијата,
- Декорација на продажното место во склад со стандардите.
На вработените им нудиме:
- Работа во динамично опружување
- Можност за работа во смени
- Усовршување во областите на продажба и декорација
- Можност за вработување на неопределено време
- Слободен ден за роденден
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и динамичен тим во новото продажно место на PANDORA во Скопје, пратете ја својата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Конкурс Скопје”. Иако ја цениме секоја апликација и ви благодариме за интересот за нашата компанија, само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »