
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »За нашиот клиент, интернационална компанија, која е специјализирана за производи за градежната индустрија, системи за складирање, како и производи за одржување во прехранбена индустрија, ДЕКРА ја објавува следната позиција:
Раководител на набавки
Опис на работно место:
- Менаџирање на систем за набавки;
- Контролирање и процесирање на барања за набавки;
- Ревизија на нарачки и договори за установување на согласност со политиката на компанијата;
- Анализирање на пазарот за достапност на тековни и идни набавки.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Солидно познавање од областа на продажба и систем на набавки;
- Познавање на Microsoft Dynamics NAV ќе се смета за предност;
- Високо образование ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Солидно познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Англиски јазик.
Професионални знаења и способности:
- Способност за преговарање;
- Подготвеност за донесување на одлуки;
- Способност за работа под притисок.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 19/11/2017 година.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Останати огласи »