СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 25 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 350 вработени.
Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.
Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидатаи:
МАГАЦИОНЕР ВО СЕРВИС Скопје
Потребни квалификации:
• Минимум ССС
• Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство во магацин
• Способност за тимска работа
• Одговорност во исполнувањето на работните задачи и цели
Одговорности и работни задачи:
• Прием на стоката
• Складирање на стоката на микролокации
• Издавање на роба од микролокации
• Административна работа
Ние Нудиме:
· Работа во динамична средина со тим на професионалци
· 40 работни часа неделно
· Можност за континуирана надоградба и развој во кариер
· Обуки за напредок во кариерата
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО, со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .