
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »Одговорности и работни задачи:
- Ги прима пријавените производи за сервис од магацините и врши достава на примените производи до овластените сервиси, на територија Скопје;
- Врши прием на сервисираните производи од овластен сервис;
- Доставува сервисирани производи до продажните салони на компанијата во Скопје или до магацините
- Прима и доставува производи од/за сервис со целокупната пропратна документација;
- Врши проверка при прием/достава на производи од/за сервис, во смисла на нивната физичка исправност (скршени, механички оштетени и слично);
- Врши истовар и утовар на производите при транспорт на производи од/во овластен сервис;
- Асистира во водењето на евиденција на оштетени производи;
- Извршува работи поврзани со манипулација на резервни делови;
- Класифицирање на апаратите за отпад по брендови и месеци
- Управува со службено патничко возило за пренос на производи од/во овластен сервис
Потребни квалификации:
- мин. ССС
- Возачка дозвола со чисто возачко досие
- мин. 2годишно искуство во возење, пожелно искуство со комбе
- Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
- Високо развиени комуникациски способности
- Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност
- Познавање на процедури поврзани со сервис и достава
Работното време: понеделник – петок: 08:00-16:00;
Доколку имате интерес за ваков тип на работа и ги исполнувате бараните критериуми, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.
Слични огласи »