БЕСПЛАТНА АКАДЕМИЈА ЗА ЖИВОТНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ

Објавенпред 11 минути
Активен до27.11.2026
ПозицијаОстанато
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Бесплатна Академија за животни професионални вештини (платен хонорар)

Бараш работа или сакаш да смениш професионална насока? 

Oтвораме 10 места за бесплатна 12-месечна академија во Скопје, каде што учиш низ работа на реални проекти. Учесниците добиваат платен хонорар од 30.000 денари, според условите на програмата и договорот за учество, и стекнуваат искуство што можат да го наведат во своето CV.

Што ќе правиш?


Со тим ќе тестираш идеи, ќе развиваш производи и услуги и ќе работиш со првите клиенти. Ќе пробуваш различни улоги за да откриеш во која насока сакаш да продолжиш. Покрај работата, те очекуваат и активности за личен развој, тимска работа и самодоверба, како и заеднички дружења, планинарење, културни настани и посета на компанија во странство.

Што добиваш?

  • Бесплатна обука и менторство од искусни инструктори и експерти
  • Месечен платен хонорар
  • Практично искуство за твоето CV
  • Комуникациски, тимски, дигитални и други применливи вештини
  • Нови пријателства и професионални контакти

Кој може да се пријави?


Ако имаш 25–35 години, знаеш англиски и користиш компјутер, можеш да аплицираш без претходно работно искуство, без бизнис-идеја и без претходна обука. Доволна е желбата да учиш и да создаваш. Академијата трае 12 месеци и има флексибилен распоред што вклучува викенди и повеќедневни активности надвор од работната средина.

Како да аплицираш?


Испрати кратка пријава на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 16 ноември. Потоа следуваат формулар со неколку прашања, разговор со избраните кандидати и заедничка пробна активност.

Не бараме совршено CV. Бараме луѓе што сакаат да направат промена.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе