(преземи го огласот во Word)
ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.
ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.
За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:
Магационер
Краток опис на работните задачи и одговорности:
– грижа за имиџот на компанијата
– примена на стандардите за работа
– градење и негување добри односи со потрошувачите, колегите и претпоставените
– примена на организациски вештини во Магацинските простории
– ориентираност кон препознавање на потребите на магацинскиот простор
– секојдневна примање и достава на роба и потребни материјали за работа во магацин и производствен погон како и во канцелариските простории
– евиденција на документи и реверси за сервис
– одржување на хигиена во магацинските простории
Потребни квалификации:
– развиени комуникациски и организациски вештини и подготвеност за тимска работа
– желба за понатамошно учење и развој
– совесност, одговорност и самомотивираност
– флексибилност и способност за адаптација
– самоиницијативност
– трпеливост
– способност за работа под притисок
– најмалку завршено средно образование
– општо познавање на MC Office програмите и интернет
– возачка Б категорија
Се добиваат следниве услови за работа:
- Редовни месечни примања
- Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
- Работа во фабрика во чисти услови и во климатизиран објект
- Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
- Дефинирани дати за годишен одмор
- Награди за посветено извршување на работните задачи
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
- Можност за остварување новогодишен или друг надоместок
Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]