
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент, Караџи Турс Балкан ДОО, тур-оператор и транспорт на патници, кој постои 10 години, ДЕКРА ја огласува следната позиција:
AГЕНТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИ
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Ги прима и процесира барањата за резервации на агентите за продажба и менаџирање
- По потреба ги подготвува понудите до комитентите или агентите за продажба
- Извршува резервации на хотели, ресторани, туристички водичи, транспорт и слично
- Евидентира и ажурира листа на гости во систем и ги проследува до хотелите
- Комуницира со комитентите за потврда на резервации и промени во истите
- Комуницира со агенти за продажба за измени во турата
- По потреба ја следи групата на местото на настанот како логистичка поддршка од агенцијата
- Води оперативна евиденција
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Одлично познавање на MS Office (Excel)
- Одлично владеење на англиски јазик
- Познавање на турски јазик (опционално)
- Способност за брзо учење на нови системи
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлични организациски способности
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Ажурност во извршување на работните задачи и пренесување на информации
- Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии може да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 06/06/2022 година.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »