АСПЕКТУС ФАРМА ДОО ТИРЗ Бунарџик - Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Р. Македонија.
Машински инженер во оперирање и одржување
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС образование - Машински факултет
- Одлично познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
Избраниот кандидат ќе биде дел од тимот за електро-машинско оперирање и одржување на термотехничката инсталација и опрема (ХВАК Системот), системот за компримиран воздух и компресорското построение, чилерските построенија, котларата со главните чилерски пумпи, гасниот котел и гасниот пламеник, гасната подстаница, соларниот систем за топла вода, водоводниот и одводниот систем вклучително со пречистителните станици за отпадна вода и електричните виљушкари, а ќе биде поставен на работна задача Специјалист за машинско оперирање и одржување на термотехничката инсталација (ХВАК Системот) и останата целокупна машинска инсталација и опрема (без машиската опрема во производство) и одговорен за третирање на сите видови на отпад преку примена на најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно машинско оперирање и одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе биде задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на активности за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, следејќи ги регулативите за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина, како и GMP стандардот.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност
- Способност за тимска работа
- Работа со дадени рокови
- Следење на интерните правила и процедури
- Самоиницијативност и самокритичност
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 25.01.2021