
- Објавен на 11.2017
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 25.11.2017
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 340 вработени и има 84 подружници.
За работа на територијата на Град Скопје, потребен е
ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Основни должности:
- Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка,
- Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
- Управување и поддршка на компаниската инфраструктура,
- Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп инфраструктура,
- Работа на проекти и имплементација на разни системи,
- Подесување backup,
- Креирање и ажурирање на налозите на корисниците.
Услови:
- Минимум IV степен средно техничко образование,
- Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за преднсост,
- Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност,
- 1-2 години работно искуство на позиција, Техничка поддршка или друга ИТ позиција,
- Искуставо во структурно каблирање на LAN мрежи,
- Познавање и искуство во работа со одржување и сервис на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.),
- Одлично познавање на Windows оперативен систем (Windows 7-8, 10),
- Искуство во обезбедување техничка поддршка, сервис на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација,
- Познавање на TCP/IP Протоколи ќе се смета за предност,
- Познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност,
- Познавања на Linux и Windows сервер околина ќе се смета за предност,
- Искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност,
- Само мотивираност, посветеност, одговорност и независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина,
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 26.11.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани
Останати огласи »