
Плата од 150.000 ден.
За компанијата:
Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »
Македонијатурист АД Скопје има потреба од
Генерален Менаџер на Хотел Holiday Inn Скопје
Компанија: Македонијатурист АД Скопје
Локација: Скопје, Македонија
Тип на ангажман: Полно работно време
Почетна нето плата: 150.000 денари
ЗА ПОЗИЦИЈАТА
Со цел понатамошен развој и унапредување на хотелските операции, Македонијатурист АД Скопје објавува јавен оглас за избор на Генерален менаџер кој ќе раководи со сите аспекти на работењето на Хотел Holiday Inn Скопје. Хотелот е симбол на традиција, квалитет и современо гостопримство во срцето на главниот град.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Стратешко управување со хотелот во согласност со бизнис планот и корпоративните цели;
- Обезбедување на висок квалитет на услуга и задоволство на гостите;
- Финансиско управување, контрола на трошоци и анализа на профитабилност (P&L);
- Развивање и имплементација на оперативни стандарди и процедури во согласност со IHG бренд политиките;
- Управување со тим од раководители и персонал, развој на човечки ресурси и организациска култура;
- Надзор на маркетинг активности, продажба и односи со клиенти и партнери;
- Почитување на сите законски регулативи и безбедносни стандарди.
КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
- Високо образование во областа на туризам, менаџмент или економија;
- Минимум 8 години искуство во хотелски менаџмент, од кои најмалку 3 години на раководна позиција како Генерален Менаџер или Извршен Директор во 4★/5★ хотел;
- Одлично познавање на хотелски оперативни системи и аналитички алатки;
- Искуство во управување со меѓународен бренд ќе се смета за предност;
- Активно познавање на англиски јазик (писмено и усно);
- Изразени лидерски, комуникациски и организациски способности;
- Висока професионалност, одговорност и ориентираност кон резултати.
ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД СКОПЈЕ
- Почетна нето плата од 150.000 денари со можност за зголемување според остварените резултати
- Картичка за дневен оброк
- Бонус систем врз основа на остварените перформанси
- Програми за обука и професионален развој во рамки на групацијата
- Попусти во хотелите на Македонијатурист АД Скопје и партнерските брендови
- Работа во современа и професионална средина, со високи бренд стандарди
- Можност за директно учество во креирањето на развојните политики на Македонијатурист АД Скопје
АПЛИЦИРАЈ:
Испратете ја Вашата биографија (CV) и мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „Генерален директор на Хотел Holiday Inn Скопје “
Рок за аплицирање: до 07.11.2025 година
- Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
ЗА НАС
Македонијатурист АД Скопје е водечка хотелска и туристичка групација во Македонија, со долгогодишна традиција, современ пристап и визија за развој на хотелскиот, конгресниот и туристичкиот сектор во нашата држава. Следиме единствена мисија за да создеме исклучителни искуства за нашите гости и инспиративна работна средина за нашите вработени.
Слични огласи »