
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Бравар.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование,
- Претходно работно искуство во иста или слична област ќе се смета за предност,
- Поседување на возачка дозвола Б категорија,
- Способност за самостојна и тимска работа,
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Работни задачи и одговорности:
- Монтажа и склопување на елементи за реклами,
- Виткање плексиглас,
- Заварување на мали елементи,
- Работа на терен (монтажа и демонтажа),
- Прием на отпечатен материјал заедно со работниот налог за истиот,
- Доработка до финален производ соодветно дефинирана во работниот налог.
Што нудиме:
- Постојана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
- Можност за учење и стекнување нови вештини,
- Обезбеден превоз до работното место,
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Работна униформа согласно работното место,
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди,
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција - Бравар”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Останати огласи »