(преземи го огласот како слика)

Во име на својот ексклузивен бренд, FUEGO International - NEPTUN го проширува регионалниот тим.
FUEGO International, дел од BALFIN Group – еден од најмоќните бизнис-системи во Југоисточна Европа е бренд што ја дефинира иднината на домувањето. Преку иновативна технологија, дизајн и пристапна цена, создадовме мрежа на доверба со потрошувачи во С. Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
Нашето портфолио опфаќа сѐ од паметни телевизори и клима уреди, до бела техника и урбана мобилност. Секој наш производ носи потпис на сигурност, паметна функционалност и модерен изглед.
Повеќе од 25 години, FUEGO континуирано го зголемува своето регионално присуство и се искачува на водечка позиција во својот сегмент.
Сега, имаме ново работно место и можеби токму ТИ си личноста што ја бараме за
ГРУП БРЕНД КООРДИНАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
(- Балкански регион -)
Опис на работната позиција:
Оваа позиција е одговорна за обезбедување ефикасност и ефективност на синџирот на снабдување низ целата организација. Одговорностите вклучуваат координирање, планирање и надгледување на задачи и операции поврзани со транспортот – од производството до компаниите-дистрибутери.
Кандидатот преговара со шпедитери, логистички центри и транспортни агенти за цени и услови. Организира реекспорт на стоки од магацините на Neptun до трети страни. Работи тесно со логистичките менаџери на Neptun во Македонија, Албанија, Косово и Босна. Ќе се грижи сите пратки да бидат обработени брзо, безбедно и во рамки на буџетот.
Основни одговорности
- Учествува во креирање на политика за набавка и обезбедува целосна имплементација на истата (планирање, организирање, водење и контрола), во директна соработка со претпоставените
- Комуницира со добавувачи и посреднички агенции (транспортни компании, осигурителни компании, шпедитери и сл.);
- Ја следи понудата на пазарот со цел намалување на трошоците и подобрување на процесот
- Обезбедува навремена и ефикасна испорака на стоки во доделените земји, како и целосна документација за транспорт и прием на стоката до крајната дестинација
- Води евиденција за сите трошоци со цел подготовка на анализи кои ќе ги поддржат стратешките одлуки на менаџментот
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома во областа логистика е голема предност
- Минимум 3 години искуство во синџир на снабдување, транспорт и логистика
- Искуство со 3PLs (провајдери на логистика од трета страна) и транспортни посредници
- Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
- Познавање на албански јазик е предност
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола – Б категорија
- Одлични организациски, комуникациски и преговарачки вештини
- Флексибилност, аналитичко размислување и ориентираност кон решавање проблеми
Нашата компанија нуди:
- Стимулативна, пријатна и динамична работна средина
- Конкурентна плата и можности за личен и професионален развој
- Бонуси според постигнати резултати
- Работно место: Скопје, Македонија
- Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот
Ако си енергична, амбициозна и самостојна личност со страст за резултати – ти си токму личноста што ја бараме!
Аплицирај најдоцна до: 13.07.2025