Инженер за контрола на квалитет во сектор на Обезбедување на квалитет на производ
Опис на активности:
- Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
- Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
- Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
- Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
- Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
- Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)
Останато:
· Почетна месечна (тренинг) плата: 350 € основна нето плата, обезбеден топол оброк
· Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
· Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
· Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
· Исплата на новогодишен надоместок
· Награди и бонуси согласно покажани резултати
Квалификации:
· •Универзитетска диплома од техничките науки– Машински Инженери имаат предност
· •Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
· •Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
· •Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
· •Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.
Специфични покриени квалификации:
· Работно искуство од областа од 1 година како инженер за квалитет во автомобилска индустрија се смета за предност. Кандидатите е пожелно, и преферираме да бидат од охридскиот регион, ресенско, битолскиот регион, кичевскиот регион.
Услови за работа:
· Позициите бараат користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и комуникација со купувачи (англиски јазик задолжително познавање и говорење).
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид.