ФЕРАЛ МЕХАНИКА дооел, со 10-годишно присуство во производство на метални и пластични продукти во Република Северна Македонија, бара:
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА
Операторите управуваат со автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди.
Кандидатите потребно е да ги исполнат следниве услови:
•Операторот треба да има познавање од работа на CNC машина.
•Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на CNC апкант преса или слична машина
•Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)
•Работно искуство како CNC оператор ќе се смета за предност
За следниве работни задачи:
•Ракување со механички, полуавтоматски и автоматизирани машини - преси и преси за виткање за различни видови обработка на метални плочи, профили или цевки и надгледување на нивната работа;
•Прости доработки и преправки на податоци за CNC или CNC програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;
•Работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;
•Тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;
•Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;
•Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки;
•Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;
Ние нудиме:
•Редовни месечни примања
•Работа во смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
•Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
•Награди за посветено извршување на работните задачи
•Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите може да испратат кратка биографија на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] или [најави се за да го видиш е-маилот] . Дополнително може да се закаже термин за интервју на Телефон +38972246544.