
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Нашиот клиент Bio Save (www.biosave.mk) е компанија која ја застапува најголемата банка за матични клетки во Европа - Famicord, како и познатaта германска генетска лабораторија Cenata која е европски лидер во областа на пренатално тестирање со Harmony пренаталниот тест. Bio Save поради проширување на тимот имаат потреба од нов член на позицијата:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Задачи / Одговорности:
- Редовни посети на лекари (гинеколози);
- Средби со клиенти во претставништвото;
- Телефонски разговори со клиенти;
- Организирање и учество на разни конгреси / семинари со цел промоција на производите, но и за унапредување на сопствените вештини;
- Спроведување на зададена маркетинг стратегија и комерцијални активности со цел остварување на продажните цели, како и учество во нивно креирање;
- Анализа на пазарот - потенцијални клиенти и конкуренција;
- Анализа на резултатите и известување за резултатите од спроведените активности;
Профил на успешниот кандидат
- Високо образование: медицински или стоматолошки факултет, со или без работно искуство;
- Познавање на англискиот јазик, MS Office, Интернет
- Клиентски ориентирана личност со одлични комуникациски и презeнтациски вештини
- Желба за патување и контакти, возачка дозвола Б категорија – активен возач
Понуда
Компанијата нуди можности за обука и професионален развој за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати. Почетниот договор за работа е на определено време од 6 месеци, со можност за преминување на договор на неопределено време доколку се исполнат очекувањата.
Пакет на наградување: конкурентна основна плата, бонус, возило за службени и приватни цели
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 13.02.2021.
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. За повеќе информации јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.
Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.
Слични огласи »