МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

За компанијата: БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана... повеќе за компанијата »

BATO & DIVAJN Graphic Center водечката компанија во графичката индустрија, го проширува својот тим со проактивни и амбициозни лица за следната работна позиција

                                             

 

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој

 

 

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно високо образование;
  • Задолжително претходно работно искуство од мин 3 години  на иста или слична  работна позиција во сегментот на B2B продажба на (индустриски) печатени  материјали, следење, организирање и координирање на процесот од нарачка преку производство до испорака на печатени материјали;
  • Претходно практично искуство во анализа на барањата за понуди за печатени материјали, изработка на калкулации и доставување на понуди;
  • Претходно практично искуство во дневна координација на производниот процес, следење на статус на производство, планирани испораки, состојба на технички ресурси, репро материјали и алати;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), (познавање на друг ЕУ странски јазик ќе се смета за предност – германски, холандски и/или француски )
  • Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point);
  • Високо развиени комуникациски, организациски, преговарачки и презентациски способности;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети за продажба;
  • Лична и професионална ефективност во реализација на повеќе истовремени работни задачи;
  • Подготвеност за патувања во и вон државата;
  • Возачка дозвола Б категорија.
  •  Флексибилност и подготвеност за работа во тим.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) и скорешна фотографија со наведување на позицијата за која аплицираат, најдоцна до 06.06.2019 год. на:

 

Графички центар БАТО & ДИВАЈН

ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје,

e-mail [најави се за да го видиш е-маилот]

www.batodivajn.com

* Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе бидат повикани на селекциско интервју

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »