
За компанијата:
Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефон (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за следнава позиција:
ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР
Потребни квалификации, вештини и искуство:
- ВСС – Машински инженер;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Одлично познавање на MS Office;
- Одлично познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks, предност ќе се смета искуство со PTC Creo (Pro/ENGINEER) и IsoDraw;
- Работно искуство од најмалку 2 (две) години во производна средина, а предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;
Работни задачи и одговорности:
- Дава техничка подршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
- Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
- Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
- Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајн до Ван Хоол Белгија;
- Директно испраќа извештаи до Mенаџерот за производство;
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Краен рок за доставување на апликациите: 21/06/2017
Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.
Слични огласи »