
За компанијата: ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали.
повеќе за компанијата »ВинаријаСковин Група ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на
Менаџер на ПЛАН И АНАЛИЗА за производство на вино и производи од грозје
План и Анализа
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Го координира и организира производството, согласно годишниот и месечниот план;
- Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план;
- Се грижи за рационално користење на работна рака, репроматеријали, суровини како и користење на средствата за производство;
- Ја следи контролата на квалитет на сите примени репроматеријали, суровини, полупроизводи и амбалажа;
- Организира редовна контрола на готовите производи, водата, согласно важечките прописи и соработка со овластените институции за таа намена;
- Се грижи за едукација на стручните, раководините и останатите производствени кадри;
- Дава предлози за прием, прераспределување на работниците во рамките на систематизација и потребите во процесот на производство;
- Го организира производството, распоредот на вработените по работни места и смени;
- Врши контрола на користењето на репроматеријали и суровини;
- Ги одобрува работните налози за потрошените репрометеријали и суровини, количина на производство и остапува од нормативите на потрошувачка;
- Води архива за извршените здраствени хигиено- биолошки анализи на готовите производи;
- Води евиденција за санитарните прегледи на вработените;
- Се грижи за одржување на хигиената во друштвото;
- Го организира и контролира чистењето на опремата и средствата;
- Се придржува кон мерките за ХТЗ и ППЗ;
- Должен е да биде лојален кон друштвото и да ја чува совесно и строго деловната тајна.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Виско Образование - Технолошка струка,
- Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично владеење на MS Office package;
- Возачка дозвола- Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Способност за менаџирање и контролирање на работата и обврските;
- Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
- Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
- Конструктивен пристап кон работни предизвици и цели;
- Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
- Позитивен ментален став;
- Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
Слични огласи »