
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »World Medicine е група на компании која се занимава со развој, производство и продажба на фармацевтски производи, а постои во повеќе од 35 земји во светот. World Medicine İlaç Sanayi ve Ticaret A.Ş. е една од овие компании лоцирана во Истанбул, Турција, која развива и произведува лекови од различни терапевтски категории.
За повеќе информации, посетете ја компаниската веб-страна: https://worldmedicine.com.tr
За потребите на претставништвото на компанијата во Скопје, потребен е:
PRODUCT AND SALES MANAGER
Цели и одговорности на работното место:
- Одговорен за лансирање на нови производи,
- Креирање на маркетинг стратегија и развој на истата,
- Имплементација и реализација на маркетинг активности,
- Изработка и следење на план за продажба,
- Посета на здравствени институции,
- Работа со клиенти и продажба на територијата на Македонија,
- Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата,
- Одговорен за постигнување на продажните планови,
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите за продажба.
Потребни квалификации:
- ВСС: Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет,
- Задолжително минимум 3 години работно искуство во фармацевтската индустрија на иста или слична позиција
- Искуство во развој на бренд и позиционирање на фармацевтски производи на пазарот,
- Одлично познавање на англиски јазик.
Потребни вештини и способности:
- Познавање на MS Office,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Одлични комуникациски и презентациски способности,
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратете ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] .
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »