Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
Оператори за телефонска продажба
[реф. бр. 2021-001]
За градови / региони:
- Скопје
- Битола
- Кичево
- Гостивар и
- Охрид
Профил на работната позиција:
- Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку излезни повици;
- Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
- Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
Профил на кандидатот:
- Завршено минимум средно образование;
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
- Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберат ниту еден кандидат.
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.
Мелон Солушнс Дооел
ул. Франклин Рузвелт, бр.19,
1000 Скопје
Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.