Декра лого

Директор за деловни операции

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување,  компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Директор за деловни операции

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Следење на промени во законска и подзаконска регулатива и нивна усогласеност во Друштвото;
  • Организација на спроведување на состаноци на Одбор на Директори и Собрание на акционери;
  • Управување со општите и кадрови работи во Друштвото;
  • Анализа на работењето и остварените резултати на сите деловни единици, сектори и вработени;
  • Контрола на извршувањето на работните задачи на секторите и деловните единици во зададени рокови;
  • Дава конечна оценка и верификува одлуки по основ на решавање на случаи на штети;
  • Изготвува извештаи за резултатите на работењето на одделни сектори на квартално, полугодишно и годишно ниво
  • Врши месечна и квартална оценка на успешноста на вработените и го спроведува системот на плати за вработените;
  • Врши контрола на процесот на решавање на штети и дава мислење по оценката за секој одделен случај, пред конечната верификација од страна на Главниот извршен Директор;
  • Учествува во преговорите со реисугурителот и ја креира Програмата за реосигурување на Друштвото;
  • Врши анализа на пазарот и предлага мерки за зголемување на ефикасноста и продуктивноста на работењето;
  • Ги контролира трошоците на работење, врши анализа на трошковната структура и предлага мерки за оптимализација на трошоците;
  • Контрола на набавки на Друштво;
  • Ја води комуникацијата со јавноста во име на Друштвото; Ја води комуникацијата со пишаните и електронските медиуми во име на Друштвото;
  • Изготвува план за маркетингшки активности на Друштвото на годишно ниво; Работи на реализација на планот за маркетинг на Друштвото и спроведува маркетиншко претставување на Друштвото; Врши евалуација и изготвува извешаи за корисноста од превземените маркетинг активности на Друштвото на квартално и годишно ниво;
  • Изготвување извештај за реализација на Планот за континуитет во информацискиот систем и Планот на континуитет на работењето;
  • Ги следи домашните и меѓународните трендови во осигурувањето и предлага прифатливи мерки за унапредување во работењето.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на законска регулатива.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Умешност да се работи со голем број податоци;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Крајниот рок за аплицирање е: 20/03/2020.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »