КОПИРАЈТЕР / КРЕАТОР НА СОДРЖИНА - СО ОДЛИЧНО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
За потребите на наш клиент, мaркетинг агенција со седиште во Скопје, објавуваме оглас за вработување на креативна и мотивирана личност за работната позиција Копирајтер / Креатор на содржина.
Работни задачи и одговорности:
- Креирање оригинална содржина за социјални медиуми, дигитални кампањи и промотивни материјали.
- Развивање креативни идеи, текстови, наслови, рекламни пораки и сценарија за кратки видеа на албански јазик.
- Адаптирање на постојни маркетинг кампањи и содржини за локалната публика.
- Соработка со дизајнери и менаџери на клиенти при подготовка и реализација на содржините.
- Следење на актуелните трендови во дигиталната комуникација и социјалните медиуми.
Потребни квалификации и вештини:
- Одлично познавање на албански јазик, особено писмено изразување.
- Изразени креативни и комуникациски способности.
- Искуство во копирајтинг, маркетинг, рекламирање или креирање содржини за социјални медиуми.
- Добро познавање на дигиталната комуникација, потрошувачките брендови и трендовите на социјалните медиуми.
- Претходно работно искуство во маркетинг агенција или во малопродажба ќе се смета за предност.
Дополнителни информации:
- Работно време: Полно работно време.
- Локација: Скопје.
- Начин на работа: Од канцеларија.
- Работа во професионален тим кој реализира проекти за меѓународен клиент.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk