Веб администратор и специјалист за html5 банери – со одлично познавање на албански јазик

Објавенпред еден ден
Активен до02.12.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Телефон+38923212812
Веб-страницаmotivi.mk
За компанијата

Со посветеност која трае веќе 18 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ВЕБ АДМИНИСТРАТОР И СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА HTML5 БАНЕРИ – СО ОДЛИЧНО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

За потребите на наш клиент, мaркетинг агенција  со седиште во Скопје, објавуваме оглас за вработување на технички ориентирана и организирана личност за работната позиција Веб администратор и специјалист за HTML5 банери.

Работни задачи и одговорности:

  • Управување и објавување содржини на веб-страници преку CMS платформи.
  • Ажурирање на информации за производи, промотивни страници, фотографии и други веб-содржини.
  • Креирање и адаптирање HTML5 дигитални банери врз основа на доставени дизајни.
  • Изработка на основни анимации и адаптација на банери во различни формати и димензии.
  • Подготовка, тестирање и експортирање на банери согласно техничките спецификации на платформите за дигитално рекламирање.
  • Проверка на функционалноста, изгледот и техничката исправност на финалните материјали.

Потребни квалификации и вештини:

  • Претходно работно искуство со CMS платформи и управување со веб-содржини.
  • Практично познавање на HTML5 и CSS.
  • Искуство со креирање и експортирање HTML рекламни банери.
  • Познавање на алатки како Google Web Designer или Adobe Animate.
  • Разбирање на различните формати на банери, ограничувањата за големина на датотеки и техничките барања на платформите за дигитално рекламирање.
  • Изразена прецизност, внимание на детали и способност за самостојна работа.
  • Одлично познавање на албански јазик.

Дополнителни информации:

  • Работно време: Полно работно време.
  • Локација: Скопје.
  • Начин на работа: Од канцеларија.
  • Работа во професионален тим кој реализира проекти за меѓународен клиент.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе