Специјалист за графичка подготовка - со одлично познавање на албански јазик

Објавенпред еден ден
Активен до02.12.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Телефон+38923212812
Веб-страницаmotivi.mk
За компанијата

Со посветеност која трае веќе 18 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРАФИЧКА ПОДГОТОВКА - СО ОДЛИЧНО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

За потребите на наш клиент, мaркетинг агенција со седиште во Скопје, објавуваме оглас за вработување на одговорна и детално ориентирана личност за работната позиција Специјалист за графичка подготовка (DTP Specialist).

Работни задачи и одговорности:

  • Подготовка и уредување на печатени и дигитални брошури, каталози и промотивни материјали.
  • Работа со постојни графички шаблони, фотографии од производи, цени и доставени текстуални содржини.
  • Изработка на корекции, адаптации и различни верзии на графичките материјали.
  • Подготовка на финални графички датотеки за печатење и дигитална објава.
  • Обезбедување визуелна усогласеност и точност на подготвените материјали.
  • Почитување на зададените рокови и стандарди за квалитет.

Потребни квалификации и вештини:

  • Одлично познавање на Adobe InDesign, Adobe Illustrator и Adobe Photoshop.
  • Претходно работно искуство во графичка подготовка и DTP продукција.
  • Искуство со изработка на брошури, каталози и подготовка на материјали за печатење.
  • Познавање на процесите за подготовка на дигитални графички материјали.
  • Прецизност, одговорност и внимание на детали.
  • Способност за ефикасна работа под временски притисок.
  • Одлично познавање на албански јазик.

Претходно работно искуство во подготовка на промотивни материјали за малопродажба ќе се смета за предност.

Дополнителни информации:

  • Работно време: Полно работно време.
  • Локација: Скопје.
  • Начин на работа: Од канцеларија.
  • Работа во професионален тим кој реализира проекти за меѓународен клиент.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе