ПРЕВЕДУВАЧ / ЛЕКТОР ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
За потребите на наш клиент, маркетинг агенција со седиште во Скопје, објавуваме оглас за вработување на личност со одлични јазични и комуникациски способности за работната позиција Преведувач / Лектор.
Работни задачи и одговорности:
- Преведување и лекторирање на маркетинг, промотивни и дигитални содржини од македонски и англиски на албански јазик.
- Преглед и корекција на брошури, содржини за веб-страници, објави за социјални медиуми, описи на производи и рекламни материјали.
- Обезбедување јазична точност, правилна граматика, правопис и соодветен стил на изразување.
- Усогласување на терминологијата и јазичната конзистентност во сите комуникациски материјали.
- Тесна соработка со копирајтери, дизајнери и менаџери на клиенти при финална проверка на содржините пред нивна објава.
Потребни квалификации и вештини:
- Одлично познавање на албански јазик
- Многу добро познавање на македонски и англиски јазик.
- Претходно работно искуство во преведување, лекторирање или уредување текстови.
- Способност за прецизна и квалитетна јазична обработка на различни видови содржини.
- Одговорност, организираност и способност за работа со кратки рокови.
Работно искуство со рекламни, малопродажни или FMCG материјали ќе се смета за предност.
Дополнителни информации:
- Работно време: Полно работно време.
- Локација: Скопје.
- Начин на работа: Од канцеларија.
- Работа во професионален тим кој реализира проекти за меѓународен клиент.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk