Нептун Македонија лого

ШПЕДИТЕР

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, за потребите на својот магацински комплекс и царински склад во општина Илинден - објект проектиран по актуелните светски архитектонски стандарди, на површина од 7700 м2, за складирање на бела техника и електроника, распишува оглас за

ШПЕДИТЕР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • CСС/ВСС,
  • Минимум 5 години работно искуство во областа,
  • Лиценца за царински декларант
  • Познавање на законските процедури за поедноставена постапка за локален увоз
  • Добри комуникациски вештини, доверливост и високо ниво на самодоверба,
  • Систематичност, организираност, иницијативност, аналитичност, објективност,
  • Познавање на MS Office и одлично познавање на работа во царински системи,
  • Познавање на англискиот јазик (усно и писмено)

Одговорности и работни задачи:

  • Навремено царинење и ослободување на производи на компанијата
  • Подготвува и изработува царински декларации (за сите царински постапки)
  • Обезбедува информации и документи за извршување на царинските постапки
  • Врши правилно распоредување на стоките во согласност со Царинската Тарифа
  • Врши комплетна обработка на предметите, од предавање на Царина, преглед на стоките, раздолжување на декларациите, до и по завршување на постапката на царинење
  • Контактира со клиентите околу оперативните работи при царинењето, реализација и документација, плаќање царински давачки  и друго
  • Изработува и процесира разни барања, молби, промени на податоци, непотполни податоци, запазување рокови итн.
  • Процесира Барања и Дозволи во електронскиот систем на дозволи ЕКСИМ
  • Контактира со останатите оддели, клиенти, царински и инспекциски органи, превозници околу извршување на работите при царинските постапки
  • Ги информира клиентите и останатите оддели (транспорт, логистика, продажба) за пристигнување и царинско процесирање на стоките
  • Одгoворен е за правилна употреба на документацијата со компаниски  информации и обележја
  • Ги следи промените во прописите, законите, постапките од царинското работење
  • Проследува налози за фактурирање за извршените работи и на службата за финансии им доставува соодветна документација за прием

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во современо опремен царински склад согласно сите стандарди,
  • Неделното работно време е 40 часа.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или директно преку веб апликацијата, со назнака:  “Шпедитер

Огласот е активен до 26.02.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »