Во име на нашиот клиент, ENEKS GROUP ENGINEERING, компанија која на пазарот нуди: врвни системски решенија за греење, ладење, производство на санитарна топла вода, секаков третман на вода, и при тоа исклучиво користи обновливи извори на енергија, ДЕКРА ја огласува следната позиција:
СЕРВИСЕР ЗА МОНТАЖА И ОДРЖУВАЊЕ, ЕЛЕКТРИЧАР
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Поврзување на шеми на топлински пумпи, фотоволтаични панели, инвертери за фотоволтаични системи;
- Одржување на системите кај Постоечките клиенти, мониторинг на системите според дефиниран план за мониторинг и проверка;
- Достапност за клиенти за консултација, проблем и прашање.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум ССС;
- Познавање на Autocad ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола од Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Да има добро развиени продуктивни навики, ефикасно работење, силна амбиција, врвни човечки вредности, (поштен, вреден, високо ниво на посветеност). Да има силно развиени лидерски компетенции: да сака да учи и да се менува, да има силно изразена иницијативност...
- Добро развиени комуникациски вешти по телефон и одржување на високо квалитено ниво на меѓучовечки односи;
- Напредно познавање на Outlook calendar, Mail комуникација на основно ниво – пишување на текстови и комуникација со странки, Auto Cad добро познавање ќе се смета за предност,
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии ,може да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 20/06/2022 година.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]