(преземи го огласот како слика)

TОЛЛАКС ДОО Скопје, е една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет.
Поради отворање нов М1 Liquor shop во Кисела вода, со модерен концепт, дел од Kam Retail park, вработуваме посветени и амбициозни Продажни асистенти, со кои ќе ја стартуваме и градиме нашата нова успешна приказна
Потребни квалификации:
· Искуство во работа во трговскиот сектор и малопродажба
· Искуство во продажба на алкохол и алкохолни пијалоци ќе се смета за предност
· Развиени комуникациски и продажни вештини
· Амбициозност, професионалност и тимски дух
· Проактивност и желба за стекнување нови знаења од областа на алкохолните пијалаци
· Одговорност кон работните задачи и работното време
· Флексибилност за работа во смени
· Минимум образование ССС
· Основно познавање на англиски јазик
· Работење со Microsoft office
Ние нудиме:
· Конкурентна плата
· Додаток за ноќна смена ( работно време до 03 часот по полноќ)
· Дополнителна исплата за работа во недела и за државни празници + 100 %
· Дополнителна исплата за верски празници + 50%
· Бонуси од продажба
· Платено колективно осигурување од незгода
· Бонус за препорачан пријател за работа
· Обука за продажба на алкохолни пијалаци
· Посета на обуки во Винарии
· Работа во динамична и пријатна работна атмосфера
· Можност за кариерен раст
· Учество во општествено одговорни практики
Нашата цел е да создадеме пријатно и професионално купувачко искуство, каде секој клиент ќе добие соодветен совет и услуга.
Доколку сакаш динамична работа, контакт со луѓе и можност да се развиваш во продажба и услуги, ова е одлична можност за тебе.
Вашите апликации ги очекуваме на следниот маил [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за нов М1 Liquor shop, Kam Retail par, Кисела вода.
За повеќе информации обрати се на 071/342 951