
Главни одговорности и обврски:
- Извршува активности во подготовка на состојки како работа со месо, работа со риба, сечкање на зеленчук, овошје и сите преостанати работи потребни за припрема во кујна
- Следи рецепти и упатства за готвење како и времето на готвење и температурите
- Подготвува состојки за сложени јадења - Маринира и зачинува прехранбени производи
- Основно готвење: Готви и ги припрема главните јадења, ладните и топлите предјадења, сосови и гарнири под надзор на готвач
- Се грижи за правилна употреба на потребните производи од залихите согласно принципите на магацинско работење (ФИФО принцип)
- Ја чисти и дезинфикува кујнската опрема, приборот и работните површини
- Одржува чист и организиран работен простор
- Спроведување на строгите упатства за безбедност на храната и санитарни услови, како и соодветни хигиенски и санитарни процедури
Очекувани квалификации:
- Високо образование/Вишо образование
- Познавање на англиски јазик
- Висока работна етика
- Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Кулинарски вештини и познавање на различни техники на готвење
- Развиени организациски вештини и вештини за управување со времето
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови
- Комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични вештини за услуги со гостите
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
- Договор на неопределено време
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Конкурентна плата
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »