
За компанијата:
Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
МАРКЕТИНГ АГЕНТ/КА
Потребни квалификации:
- ВСС / ССС
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутери и познавање на MS Office пакетот
- Задолжително работно искуство во маркетинг
Основни задолженија и одговорности:
- Го истражува пазарот
- Прави споредбени анализи на цените на пазарот
- Контактира со сите јавни институции, органи на управување, странски мисии, амабасади со цел да се понудат и продадат хотелските и угостителските капацитети
- Организира и координира одржување на разни средби, семинари, конгреси , тркалезни маси се грижи за рекламирање на капацитетите на објектот
- Контактира со јавните медиуми за одредување простор и време за рекламирање
- Должен е постојано да го шири кругот на познати со цел да обезбеди поголем обем на работа и за таа цел ги користи сите организирани средби во хотелот (коктели, приеми и сл.)
- Го договара начинот на плаќање на услугите одобрен од менаџментот
- За сите договорени поединости за секој поединечен проект изготвува работен налог и истиот го дистрибуира до сите одделенија кои учествуваат во пружањето услуга
- Поднесува дневен извештај за работата кај Менаџментот
- Поднесува годишен извештај за работата кај Менаџментот
- Ги негува контактите и односите со клиентите во текот на целата година
- Патува во земјите за кои е задолжен и посетува саеми
- Обавува и други работи и работни задачи по налог на Управителот
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална Биографија (CV) на следнава e-mail адреса: job@hotelcontinental.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Маркетинг Агентка”
Напомена:
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!
Апликациите кои се испратени по истекот на огласот нема да бидат разгледани
Хотел Континентал вработува маркетинг агент/ка со работно искуство .
Целиот оглас е прикачен во прилог.
За подетални информации јавете се на 070 244 941 или пратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »