
За компанијата:
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Стани дел од новиот тим за нашиот проект со холандски јазик! Станува збор за проект во областа на корисничката поддршка за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За оваа работна позиција е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран! Работната позиција не вклучува продажба.
Што ти нудиме?
- Конкурентна плата од 960 евра
- Платена обука
- Welcome бонус од 300 eвра
- Работа од канцеларија или од дома
- Месечен систем за наградување
- Бонуси за препораки на пријател
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Можност за личен и професионален напредок
- Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка со холандски јазик
- Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
- Ќе им нудиш поддршка на корисниците и навремено ќе одговараш на нивните прашања
- Прашањата кои ќе ги добиваш од страна на корисниците најчесто се поврзани со нудење помош и давање информации во врска со производите и услугите кои компанијата ги нуди
- Секојдневно ќе комуницираш на холандски јазик
- Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот
Што бараме?
- Одлично познавање на холандскиот јазик (зборување и пишување)
- Основно познавање на компјутерско работење
- Одлични комуникациски вештини
- Љубопитност и желба за учење на нови работа
- Можност за работа во смени
- Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување
- Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект
- Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба се смета за предност
Како изгледа животот во Транском?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Слични огласи »