
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За во одделот Мерење и MDM, со место на извршување во Гевгелија, бараме:
ТЕХНИЧАР ЗА 5А-ски МЕРЕЊА во ГЕВГЕЛИЈА (М/Ж)
Работни задачи:
- Формирање, одржување, контрола на точноста, на мерењето на електрична енергија (полуиндиректно / индиректно (т.н. 5А-ско мерење)) кај примо-предајни мерни места, индустриски потрошувачи, трафостаници, улично осветление
- Монтажа / замена на елементи од мерно место (броила, мерни трансформатори) поради неисправност, неточност на мерните величини, дефект, редовно одржување или верификација, ажурирање на податоци за мерна опрема.
Потребни компетенции
- III - V степен електротехничко образование
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола – Б категорија
- Одлични организациски и комуникациски вештини
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 14.11.2019.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Слични огласи »