Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »
Активни огласи од b watch 1920:
Практикант за Графички Дизајн - Маркетинг Практикант - Aсистент за продажба Скопје Capitol Mall, Vero Jumbo, East Gate, City Mall, K Mall
b watch 1920 со својата 100 годишна традиција на пазарот во Македонија, се докажа како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници, накит и очила за сонце од светски познати брендови.
Нашата главна цел е преку регрутација и мотивација на кандидатите за вработување, да ги пронајдеме и задржиме најдобрите вработени. Нивниот позитивен став, желбата за докажување и резултатите се примарни работи кои оваа компанија ги цени и вреднува, а за истите обозможуваме позитивен баланс помеѓу работното време и нивниот личен живот.
Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за започнување на својата кариера со искусен тим за продажба.
b watch 1920 има потреба од проширување на маркетинг тимот. Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и да ги научат неопходните вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим во областа. Краток опис на работните задачи и одговорности: - Креирање на дизајн за принт и онлајн медиуми - Креирање и имплементација на онлајн и офлајн кампањи - Следење на светските трендови за маркетинг и дизајн - Координирање со маркетинг лица и агенции за принт - Активно водење според моделот plan, do, review - За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот. Потребни квалификации: - Одлично познавање на Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. - Задолжително работно искуство од минимум 2 години. - Пожелно завршено високо образование - Посветеност и одговорност према задолженијата и работата - Флексибилност према работното време за период кога обврските го наложуваат тоа - Одлично познавање на Англиски јазик - Желба за понатамошно учење и развој - Совесност , одговорност и самомотивираност Потребна документација: - CV не постаро од 6 месеци - Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување - Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност - Портфолио на повеќе успешно развиени и имплементирани проекти Вие добивате: - Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни - Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област - Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920 Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Ве покануваме доколку имате интереси и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија со назнака ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР преку полето Аплицирај или на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »
Обуки
пред 35 минути
пред еден час
пред 3 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена