
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Лек Скопје, реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Менаџер за финансиско известување
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Подготвување месечни/годишни финансиски извештаи во согласност со прифатените сметководствени политики на компанијата и соодветните сметководствени принципи како и останати извештаи за други внатрешни и надворешни корисници;
- Водење на правилна сметководствена евиденција и нивна усогласеност со сметководствените стандарди и интерните политики (главна книга и спецификации за средства, залихи, клиенти итн.);
- Контрола на процесите, достапноста на системите, документацијата, усогласеноста и на известувањето за извршување на квалитетни услуги во согласност со законот, внатрешните прописи, добрите практики и деловните цели
- Координација на останатите членови на тимот преку поставување на приоритети за активности, особено при подготовка на финансиските извештаи;
- Усогласување на главните и помошните сметководствени книги;
- Обезбедување на квалитативно, доверливо, точно и навремено внатрешно и надворешно известување и усогласеност со законските и другите барања.
- Контакт за надворешна/внатрешна ревизија;
- Оптимизација на процесите, идентификација и решавање на проблеми настанати во текот на работата;
- Други задачи утврдени во годишниот процес на поставување цели и според KPI;
- Други задачи по инструкции од претпоставен или проект.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетска диплома по финансии/сметководство/ревизија;
- 3+ години искуство на иста или слична позиција (искуство во мултинационална компанија би сметало за предност);
- Одличен англиски јазик (пишан и говорен);
- Познавање на SAP ќе се смета за предност.
Клиентот нуди:
- Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати;
- Нето месечна плата од 50.000 денари;
- Полно работно време.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »