Интернешнл Хотелс АД Скопје лого

Агент за продажба

За компанијата:

Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Интернешнл Хотелс АД Скопје:

Магационер

(преземи го огласот во Word)

Опис на работното место:

Агентот за продажба на хотелски комодитети е одговорен за пронаоѓање, обезбедување и управување со деловни можности поврзани со продажба на хотелски и угостителски капацитети, вклучувајќи сместување, сали за настани, конференциски пакети и други услуги. Оваа улога вклучува активно истражување на пазарот, директен контакт со јавни и приватни институции, странски мисии, организирање и координирање на настани, како и постојано градење и негување на клиентската база.

 

Клучни одговорности:

Истражување на пазарот и деловен развој

  • Го истражува пазарот со цел идентификување на нови можности за продажба.
  • Изработува споредбени анализи на цените и услугите на конкурентите.
  • Следи трендови и подготвува предлози за подобрување на продажната стратегија.

Пронаоѓање и проширување на клиентска база

  • Контактира и остварува соработка со јавни институции, органи на управување, странски мисии, амбасади и приватни компании.
  • Постојано го шири кругот на контакти преку присуство на организирани хотелски настани (коктели, приеми, конференции и сл.).
  • Ги негува контактите и односите со клиентите во текот на целата година, со цел одржување на долгорочна соработка и лојалност.

Организација на групи и настани

  • Организира и координира одржување на семинари, конференции, конгреси, тркалезни маси и други настани.
  • Подготвува понуди и ги координира сите детали со вклучените оддели.
  • Изготвува работни налози за секој проект и ги дистрибуира до сите релевантни оддели.

Маркетинг и рекламирање

  • Соработува со јавните медиуми за обезбедување простор и време за рекламирање.
  • Се грижи за промоција и рекламирање на капацитетите на објектот преку различни канали.
  • Предлага и учествува во креирање на маркетинг стратегии за зголемување на видливоста и продажбата.

Продажба и договарање услуги

  • Ги претставува хотелските услуги и капацитети пред потенцијалните клиенти и групи.
  • Го договара начинот на плаќање за услугите, во согласност со политиките на менаџментот.
  • Ги следи и известува за реализацијата на договорите и барањата на клиентите.

Администрација и извештаи

  • Поднесува дневни извештаи за работата кај менаџментот.
  • Изготвува годишен извештај за постигнатите резултати, предлози и анализа на пазарот.
  • Води точна и навремена документација за сите активности, контакти и продажби.

Други задачи

  • Извршува и други работни задачи по налог на Управителот или Директорот, согласно потребите на друштвото.
 

Квалификации:

  • Претходно искуство во продажба, маркетинг или угостителство е предност.
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини.
  • Способност за самостојна и тимска работа.
  • Познавање на работа со компјутер.
  • Познавање на странски јазици е предност (особено англиски).
 

Работни услови:

  • Канцелариска работа со редовни средби надвор со клиенти.
  • Флексибилно работно време (вклучително вечери и викенди, по потреба).
  • Повремени службени патувања (саеми, промоции, состаноци).
 

Што нудиме:

  • Конкурентна основна плата со бонуси според резултати.
  • Професионален развој и обуки.
  • Мотивирачка и динамична работна средина.
  • Поволности и попусти за вработени во хотелските услуги.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална Биографија (CV) на следнава e-mail адреса: job@hotelcontinental.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Продажен Маркетинг Агент”  

Напомена:

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!  

Апликациите кои се испратени по истекот на огласот нема да бидат разгледани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »