Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
Активни огласи од Transcom Macedonia:
Специјалист за корисничка поддршка на германски јазик (м/ж)
Дали знаеш дека работата која подразбира техничка поддршка сè повеќе се смета за динамична професија која нуди бескрајни можности за напредок како на лично така и на професионално ниво? Комуникација со луѓе ширум светот, подобрување на јазичните познавања, стекнување на нови знаења, усовршување на вештини клучни за твојата понатамошна кариера се само дел од нештата во кои ќе можеш да уживаш доколку станеш дел од тимот кој ги прави среќни и задоволни корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании!
Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?
Стани дел од новиот германски тим и усовршувај се себеси додека обезбедуваш пријатно корисничко искуство на безброј корисници ширум светот!
Комуникацијата со корисниците во еден твој работен ден би го вклучувала следново:
Одговарање на дојдовни повици и сослушување на барањата и потребите на корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании
Обезбедување на професионална техничка поддршка за решавање на одреден технички проблем
Давање на насоки и совети за подобрување на услугата која корисниците ја користат или на која се претплатени
Проценување на потребите на корисниците и промоција на соодветна понуда која ќе ги задоволи истите
Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?
Одлично зборуваш германски јазик
Имаш одлични комуникациски вештини
Сакаш да им помагаш на луѓето околу тебе
Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи
Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
Имаш претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба
Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект
Зошто токму City Connect?
Доколку се запрашаш „Зошто City Connect“, одговорот е многу едноставен: поради нашата организациска култура. Во City Connect ги ставаме нашите вработени на прво место, се грижиме за нив во секоја смисла на зборот, го слушаме нивниот глас, го поддржуваме нивниот професионален развој и напредок давајќи им еднакви можности. Во City Connect ги промовираме разновидноста и инклузивноста, почитта, лојалноста, довербата и соработката. Стани и ти дел од нашето големо семејство!
Слични огласи »
Обуки
пред еден час
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена