Декра лого

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО СЕКТОР ДИЈАГНОСТИКА И ЛЕКОВИ

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

Наш клиент е Фармахем, приватна компанија со долгогодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема, која нуди интегрални решенија за сите потреби на медицински, аналитички, градежни и прехранбени лаборатории. Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

  • СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО СЕКТОР ДИЈАГНОСТИКА И ЛЕКОВИ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои нашата фирма ги застапува;
  • Организација на работата околу фирмите за кои ке биде належен: планирање на залиха, следење на залиха и нарачки;
  • Припрема на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови;
  • Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамките на секторот;
  • Припрема на понуди за клиентите, работење со нив на подготовка на постапки за јавна набавка, следење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија) или Фармацевтски факултет со афинитет и солидни познавања на областа биохемија;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство и стручни знаења од областа биохемија;
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во деловна коресподенција;
  • Поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено;
  • Приспособување на нови и различни задачи;
  • Желба за учење нови работи;
  • Висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето;
  • Индивидуална и тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот преку современо опремени лаборатории, здрава храна и здрава животна средина, тежнее кон развој и придонес кон подобар квалитет на живеење за сите.

Со своето богато портфолио на услуги и решенија, како и општествено одговорна компанија нуди:

  • Атрактивна и динамична работа
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • можност за брзо напредување во кариерата.

Позицијата е со седиште во Скопје и работно време од 08:00–16:00 часот (понеделник–петок).

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е : 16/03/2020

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »