
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Гостивар во Група 1, бараме:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ГОСТИВАР (М/Ж)
Работни задачи:
- Обработка на барања и поплаки од корисниците,
- Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
- Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
- Прием, обработка, чување и средување на документација,
- Контрола на приклучоци и мерни места.
Потребни квалификации
- Електро-технички факултет - Енергетика,
- Познавање и користење на MS Office,
- Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност,
- Способност за работа во рокови,
- Возачка дозвола,
- Исполнителност и одговорност,
- Флексибилност,
- Тимска работа.
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 06.02.2019.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Слични огласи »