Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Контролинг Менаџер
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Изработува извештаи/анализиза сите материјално-финансиски промени и трансакции во Друштвото во согласност со сметководствената политика и законската регулатива,Групациските политики и процедури;
Ги идентификува неправилностите во работењето и дава препораки за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците;
Ги изготвува интерните правила и процедури на работење;
Спроведува интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во Друштвото;
Обезбедува објективни совети и насоки за вработените во Сметководство и Финансии;
Врши книжење во компјутерскиот/сметководствениот програм на Друштвото, и врши контрола на аналитичките картици поврзани со прокнижени документи;
Врши надзор на други соработници.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Претходно работно искуство од 10 години на иста или слична работна позиција;
Завршено високо образование од областа на економија и финансии;
Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво);
Уверение за овластен ревизор.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Добри комуникациски и организациски способности;
Одлично познавање на MS Office;
Познавање и работа со Pantheon;
Одлични аналитички способности.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е 26/04/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »
Обуки
пред 2 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена