
За компанијата:
Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола.... повеќе за компанијата »
Во текот на праксата ќе имаш можност да се запознаеш со водење на персонална администрација, организирање на обуки, креирање содржини за кариерната страна, процес на огласување, регрутација и селекција на кадри. Можност за работа во динамична средина каде ќе го запознаеш комплетниот процес на управување со човечките ресурси.
Практичната работа ќе ти овозможи стекнување на знаења и вештини од областа, како солидна основа за градење кариера.
Потребни квалификации:
* Студенти на завршна година или дипломирани на факултетите за општествени науки
* Интерес кон административни задачи, но и задачи кои бараат кретивност
* Позитивен став, одлични комуникациски и организациски способности
* Желба за работа со луѓе, љубезност при справување со различни типови на луѓе
* Дискреција при ракување со сензитивни информации
Ние нудиме:
- Практикантска работа во времетраење од 3 месеци
- Редовно работно време: 08:00 - 16:00 часот
- Нашиот тим со задоволство ќе те прими и воведе во сите аспекти од работењето на HR секторот.
Слични огласи »