
За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на
ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕЛЕКТРО СИСТЕМИ
-5 извршители-
Одговорности и работни задачи:
- Врши поправка и замена на пригушници, светилки, шуко утичници и прекинувачи
- Врши редовна проверка на разводни табли за управување, автоматика и електромотори на опрема, замена на контактори, помошни контактори, гребенасти склопки, биметали, релеи итн. во и околината на објектот
- Врши дијагностика и поправка на опрема доколку не е потребно да се предаде на овластен сервис
- Врши дневна проверка на лифтовите, ескалаторите и травелаторите
- Врши надзор на подизведувачите при сервис на лифтови, ескалатори, травелатори и товарни платформи
- Врши редовна контрола на UPS (уреди за непрекинато напојување)
- Врши редовна контрола на трафостаниците
- Учествува во редовна контрола на исправност и работа на електродизел агрегати
- Врши редовна проверка и поправки одржување на системот за наплата на паркинг
- Учестува во организација на настани (поставување кабли, приклучоци и проверка на подни кутии)
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Средна стручна подготовка
- Минимум 2 години искуство во работа како електричар
- Професионален пристап кон работата
- Способност за следење технички цртежи и планови
- Способност за ракување со рачен алат
- Одлични практични вештини и брзо решавање на проблеми
- Адаптибилност и флексибилност
- Возачка дозвола, категорија Б
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Работа во смени
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 12.06.2025.
Слични огласи »