Асистент за продажба

За компанијата:

Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.

повеќе за компанијата »

Поради проширување на работните активности, Прима Оптика има потреба од зголемување на продажниот тим со амбициозни луѓе подготвени за долгорочен ангажман. Бараниот профил се кандидати со минимум 3 години работно искуство во оптика, детално познавање на стакла, контактни леќи и сончеви очила и се на возраст од над 30 години. Предност имаат кандидати кои имаат завршено оптометрија.

Одбраните кандидати добиваат почетна плата од 25.000 ден, бонуси, работа во мотивирачка средина и можност за напредок. Работните услови опфаќаат 40 работни часа неделно, работа во смени и работа за викенди и празници по потреба.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »