За компанијата:
Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Возач на цистерна / Оператор во производна хала
GEO GAS DOOEL Skopje, компанија која се занимава со производство и дистрибуција на течен јаглероден диоксид (CO₂), објавува оглас за вработување на:
Работно место:
Возач на цистерна со комбинирана улога – оператор во производен погон
Опис на работните задачи:
Како возач:
- Управување со цистерна за транспорт на течен CO₂ до клиенти и интерни дестинации во РСМ и надвор од земјата
- Почитување на ADR протоколи за безбедност
- Пополнување на транспортна и придружна документација
- Одржување на хигиена и техничката исправност на возилото
Како оператор (во периоди кога нема транспортни активности):
- Ракување со опрема за полнење, складирање и транспорт на течен CO₂
- Постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање
- Изведување на основни технички проверки и мерења
- Пополнување на техничка документација и записи
- Полнење и складирање на наполнетите садови под притисок,
- Грижа за производи,
- Подготовка на документи за испорака и прием
- Почитување на безбедносни и хигиенски стандарди според HACCP и ISO 9001
- Комуникација со сектори како логистика, квалитет и одржување
Потребни квалификации:
- Завршено средно техничко образование (машинско, електро, хемиско – предност)
- Возачка дозвола C+E
- ADR сертификат (пожелно, но не задолжително – се обезбедува обука)
- Претходно искуство во индустриско производство или со возење тешки возила е предност
- Подготвеност за работа во смени
- Одговорност, дисциплина и техничка прецизност
Ние нудиме:
- Вработување со редовна плата и договор
- Платени обуки за работа со техничка и безбедносна опрема
- Работа во стабилна и професионална компанија
- Можност за долгорочна соработка и унапредување
Локација:
Работна база: Трн, Битола
Работа во рамки на РСМ и надвор од земјата
Работно време:
Флексибилно, во смени и во согласност со динамиката на испораките и производните активности
Аплицирање:
Испратете кратка биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Или доставете ја лично на адреса: GEO GAS DOOEL, Трн, Битола
Контакт за информации: 078282213 или 078363188
GEO GAS DOOEL Skopje – Одговорно, безбедно и професионално!
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]