Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:
Проектант аналитичар (Business Analyst)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Обезбедување на второ ниво на поддршка на корисниците - анализа на проблемите проследени до II ниво на поддршка на корисници, самостојно решавање на корисничко барање или проследување на барањето до надворешните соработници, надлежни за конкретното барање;
Анализа на барањата на корисниците за промена на апликативното решение, соработка во дефинирање на барањата за промена, тестирање и имплементација на промените;
Координација и прецизирање на барањата, следење на реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
Соработка во развој на технологии на работа и креирање на технолошки процеси и процедури со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија;
Советување и поддршка на корисниците за развој и користење на програмски решенија;
Подготовка на техничка и корисничка документација за работа на апликативната програмска опрема
Соработка со надворешни добавувачи од подрачјето на ИКТ и надзор на работата на надворешните соработници.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото во Скопје
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Анализа на барања на корисниците за промена на апликативното решение, соработка во дефинирање на барањата за промена и соработка во тестирање и имплементација на промените;
Координација на барањата, следење на реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
Изработка на упатства и извештаи од подрачјето на работа;
Соработка во проектни и работни групи за имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групација Триглав.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Познавање на англиски јазик, самоиницијативност, желба за континуирано надградување и развој.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Познавање на Т-SQL;
Искуство во имплементација на проекти;
Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока.
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
Работното време е флексибилно, со можност за хибриден модел на работа.
Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 11.11.2023:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000WtHT8