
За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата е застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција :
ИТ СОРАБОТНИК ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАТФОРМА ЗА ОНЛАЈ ПРОДАЖБА
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Одлично познавање на работа со компјутери
- Пасија за онлајн маркетинг, нови технологии и трендови во веб светот
- Желба за развој и стекнување на нови знаења во областа на веб услугите
- Организациски вештини и тимска работа
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Одржување и администрирање на содржината и информациите на веб апликацијата на компанијата за онлајн продажба
- Учество во проекти за развој на веб услугите на Друштвото
- Соработка со Секторот за маркетинг на Друштвото
- Соработка со Секторот за продажба на друштвото
- Подготовка на промотивни онлајн кампањи
НУДИМЕ
- Динамична работа
- Можност за напредување и усовршување
- Учество во соодветни курсови за усовршување
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух
- Професионализам
- Работа во современи работни услови
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса најдоцна до 20.04.2023 година :
[најави се за да го видиш е-маилот]
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност на кандидати за вработување .
Слични огласи »